
Жителите од село Долани, штипско на мирен протест. Револтирани велат дека приватен инвеститор поставува панели и поставуваат кабел со што се копа патот. Велат дека не им пречи кабелот, но децидни се дека истиот не може да поминува низ селото. Велат дека кабелот е поставен над водоводната линија и преставува опасност за нив.
„Има панели поставено во љуботенско, а кабелот треба да поминува низ селото. Ние ќе имаме проблеми со тој кабел оти е многу јака струјата и мислиме дека нема каде да помине кабелот преку селото.“ – велат жителите.
„1200 метри сакаат да го ископаат асфалтот, да го уништат, трасата е направена пред 50 години, они сега ќе ја уништуваат. Струја ќе ставаат врз водоводот. Во меѓувреме ние им даваме шанса да не ни одат преку селото, да одат пократко. Имаме собрано 350 гласови патот да не го уништуваат. Ние тоа ни им го дозволуваме“ – децидни се жителите.
За проблемот велат запознаени се и од Локалната самоупрва и жителитете бараат стопирање на ваквите активности. Велат нека се копа ама надвор од селото.
„Низ самото село има телефонски кабли, водоводна мрежа. Ќе копаат покрај патот и самиот пат ќе се униште. Сакаат да минуваат и низ реката, таму има посебни услови за поставување кабли, вода и струја не знаеме како може тоа. Да не ни копаат низ селото, не им бранеме нека копаат надвор од селото. На нас тоа ни е проблем. “ – додаваат жителите.
Од општината велат дека за проблемот и знаат и бил организиран состанок за да може да се најде решение.
„Како локална самоуправа организиравме состанок на кои беа присутни жителите од с.Долани и инвеститорот кои врши градежни активности со цел да се изнајде заедничко решение. Исто така во комуникација сме со ЕВН за изнаоѓање на решение за поместување на трасата,со што се надеваме дека ќе дојдеме до конечно решение за решавање на овој проблем.“ – велат од општината.
Инаку, жителите посочија дека и утринава активности на терен има и дека се размислува за организирање нови протести.
Лаура Стојанова М-Нет