
Над 70 е процентот на расчистени кривични дела, а општиот криминал е намален за 11% истакна денеска од Свети Николе, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев. Во работна посета на ОВР Свети Николе, додаде дека безбедноста овде, но и на целото подрачје на СВР Штип е стабилна и поволна.
„Бев брифиран на средбите дека безбедносната состојба на ова подрачје е стабилна и поволна. Од вкупниот број на кривични дела, од познат и непознат сторител постигната е ефикасност во расветлувањето од 40%, додека процентот на расчистени кривични дела изнесува 71% . Во делот на општиот криминал бележи намалување од 11% . Кај кривичните дела од познат и непознат сторител бележиме намалување за 21%, со постигната ефикасност во расветлувањето од 37 %, додека расчистени се 64% од вкупно пријавените кривични дела.“ – вели Бојмацалиев.
Кај кривични дела од областа на економски криминал се бележи зголемување од 67% , за кои се поднесени 20 кривични пријави против 43 сторители. Во делот на недозволена трговија во текот на првото тримесечје 2024 евидентирани се 33 кривични дела, за кои се поднесени 29 кривични пријави против 30 сторители.
Од преземените мерки од областа на недозволена трговија со дрога од страна на СВР Штип во првото тримесечје 2024 година во рамки на ОА„Хидра“ поднесени се 12 кривични пријави за сторени 14 кривични дела , против 13 лица, лишени се од слобода 23 лица, извршен е претрес на 24 локации, при што на пет локации е пронајдена дрога”. – информираше Бојмацалиев.
Лаура Стојанова М-Нет