
Битката со корона вирусот не стивнува. Во првите борбени редови изминатите 9 месеци, се хероите од Инфективното одделение, кои секојдневно даваат се од себе да спасат нечии живот. Затоа, една од осмоноемвриските признанија заврши во нивни раце. Покрај Територијалната Противпожарна единица Штип, Елена Голомеова оперска певица, проф. д-р. Трајче Стојанов професор по филозофија на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Инфективното одделение се здоби со оваа престижна награда во моменти кога е најпотребно. Наградата во име на целиот тим, на Инфективното одделение во Штип ја подија д-р. Дијана Шишкова, која не ја сокри благодарноста и задоволството кое им значи многу. Пожртвуваноста на луѓето на Инфективното одделение е безгранична, а желбата и мотивот да се спаси нечии живот сега се и наградени. Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип, се има справено со многу различни вируси, но Ковид пандемијата значи животот да се живее токму таму. Часовите кои се поминуваат не се мерат, луѓето се посветени на оваа професија која им е животен позив – вели Шишкова. Самата инфекицја со Ковид-19 може да се прележи како тешка, лесна клиничка слика и асимптоматска. Досега 80% од заболените се со лесна клиничка слика, 14% потешки случаеви и 5% се критични. Во моментот на Инфективното одделение во Штип, има 64 позитивни лица на Ковид – 19, а лицата со полесна клиничка слика се препраќаат на Кожното одделение во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет