Жена физички нападната од поранешен вонбрачен партнер во Зрновци

На 28.07.2020 во 11.40 часот во Полициската станица Кочани, 50-годишна жена од кочанско село пријавила дека на 27.07.2020 околу 14.30 часот во куќа во Зрновци, кочанско, била физички нападната од страна на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер. Се работи на комплетирање на случајот, по што против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.