Украден мерцедес во Кочани

На 29.07.2020 во 04.30 часот во Полициската станица Кочани, С.Ј. (68) од  Кочани пријавил дека во текот на ноќта 28/29.07.2020 од страна на непознат сторител од дворното место на неговата семејна куќа на ул.„Пере Тошев“ во Кочани, му било одземено патничко возило „мерцедес МЛ 320 ЦДИ“, со кочански регистарски ознаки. Се работи на расчистување на случајот.