Жена касната од куче во туристички комплекс во беровско

На 13.05.2026 во ОВР Берово било пријавено дека околу 14:30 часот во туристички комплекс во с.Двориште, беровско, С.Ј.(55) од Виница била нападната и касната од куче, при што ѝ биле нанесени повреди, констатирани во Итна медицинска помош Берово. Известен е јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Берово во содејство со ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство, при што било утврдено дека во комплексот имало четири кучиња, кои биле врзани, при што едното се извлекло од ременот и ја нападнало С.Ј.. Се работи на расчистување на случајот.