Еден од најдобрите млади и талентирани актери Ефтим Трајчов Ѓаурски со свој самостоен проект, театарската претстава „Фанови“ со интервју за порталот М НЕТ!
1. Зошто се одлучи за оваа професија?
Затоа што животот станува досаден кога не го живееме, кога го земаме здраво за готово, кога мислиме дека го имаме сето време на светот. Затоа што на сцена живеам трипати по интензивно, затоа што времето во театар успорува до степен да мислам дека само тој час ми останал и го одбројувам до крајот на моето постоење, за пак да го вратам и одново да се родам.
Илузија на моќ за контрола на нешто што никој не можел да го врати назад или помести напред. It’s a time machine. Затоа што на сцена сум со детето во мене и си играме колку сакаме. Затоа што можам да замислам и почуствувам се на сцена. Затоа што можам да одживеам туѓ исполнет живот, што може никогаш нема да ми се случи. Затоа што заборавам кој сум, заборавам на сите мои лоши и убави
животни моменти.

2. Колку време си дел од театарот?
Веќе 17 години
3) Работиш и како професор во драмското студио „Spotlight“.
Како се справуваш со толку многу дечиња и различни карактери?
Да, имам свое драмско студио се вика „Spotlight“. Ја сакам педагогијата ме исполнува, ме одржува во свежа мисла како што велеше мојот професор Кирил Ристоски ” Деца, јас со вас сум на изворот и од вас пијам свежина во енергија и мисла”. Треба да можеш тоа да го работиш за да воспоставиш контакт со младите умови и заедно да истражувате, иднината е во младите. Искуството и знаењето ни е обврска да им го пренесеме ненаметливо. Тоа е суштината на опстанокот и напредокот на човештвото.
4. Кои театарски вештини ги изучуваат?
Работиме по сите системи на актерска игра кои се изучуваат на една
академија, нормално циклис по циклус и заедно растеме како група со многу посветена работа.

5. Како ја прилагодуваш работата наспроти приватниот живот?
Го паузирам приватниот живот за животот на сцена или филм, го заменувам и некако пак живеам дури и поубаво …
6. Твој самостоен проект насловен „Фанови“ излезе од неодамна, но за жал поради новонастанатата ситуација со коронавирусот се одолжува на неопределен термин. Како настана овој проект?
„Фанови“ требаше да излезе на петок 13 али ни се посреќи датата 😁. Овој проект излезе од потребата моја и на колегата Милорад Ангелов да сработиме нешто наше во кое навистина веруваме и во естетика која ја негуваме. Ова е мојот прв приватен, продукциски самостоен проект претстава, со поддршка од нашите пријатели УГД „Гоце Делчев“ Штип, Coffee lab, Longurov print, Alfa tv, порталот Гламур и нашите соработници. Премиерата ќе се игра вомултимедијалната сала на економскиот факултет во Штип. Со Универзитетот
„Гоце Делчев“ имаме одлична професионална соработка и голема благодарност за нивната поддршка.

Приказна за двајца сонувачи фудбалски фанови кон коиживотот бил суров и низ низа од настани каде тие не можат да се справат,
излегува комичното, но за нив трагично, на крај останува да видите дали ќе го одсонуваат животот свој како што го замислиле. Еве сега короната да замине на летување и закажуваме нова дата за премиера и заедно со публиката ќе сонуваме. Ја имате мојата покана да бидете дел од „ФАНОВИ“ и нивните апсурдни животи. Инаку тие навиваат за Liverpool.
Текст: Елин Рахнев
По идеја на: Милорад Ангелов и Ефтим Трајчов Ѓаурски
Костимограф: Андреј Ѓоргиевски ПАПАЗ
Фотографија и дизајн на плакат: Љубан Стаменик
Играат:
Ефтим Трајчов Ѓаурски
Милорад Ангелов
Соња Пилатова
Дарко Наковски

„ФАНОВИ“ еден од најиграните текстови на Елин Рахнев. Комедија на карактери за животите на двајца фудбалски фанови (СОНУВАЧИ) на Ливерпул што се раѓа од нивната лична животна трагедија. Дејствието е сместено во шест сцени во континуиран временски период од 24 часа, каде е прикажано патешествието на двајцата главни лика од нивните домови кон летот за Киев и средба во бар со
другите фанови се до крајната цел натпреварот во ФИНАЛЕ во Лига на
Шампионите каде нивниот тим Ливерпул се бори за толку посакуваната титула.
7. Кој е твој следен проект?
Во Народен театар Штип почнав нов проект „Ова дете“ од
Жоел Помра во режија на Александар Ивановски. Ова е текст кој е инспириран од вистински животни сведоштва на луѓе. Зборува за односот помеѓу родител и дете во сите форми, сместен во повеќе ситуации во десет сцени со различни ликови, драматуршки фрагментално радпоредени. Ова е прокт кој треба да се гради со
силни искрени емоции и копање длабоко во својата душа на актерите.
8. Cо нетрпение очекуваме да присуствуваме на премиерата, но сепак препораките за личното здравје се најважни. Тимот на порталот М НЕТ ти посакува многу успех во иднина.
Ви благодарам и вам!