
Општина Делчево секоја вечер по 19 часот врши миење и дезинфицирање на улиците во насока за заштита од појава и евентуално ширење на заразата од коронавирусот на територијата на Општина Делчево. Дезинфекцијата ја реализираат екипи од ТППЕ во соработка со ЈКП „Брегалница“ .Дезинфекцијата се врши со раствор од хлор и по однапред направен распоред на приоритетни, односно најфреквентните улици во градот.