Емил Грнев стартуваше на теренот во Бело Брдо за пролетниот дел

Шефот на стручниот штаб на ФК Кит Го Пехчево, Емил Грнев денес ја изврши првата прозивка на своите играчи за подготовките за пролетниот дел. На теренот во Бело Брдо тој имаше на располагање 22 играчи а секако понатаму бројот на играчи ќе се зголемува.

Според изјавата на Емил Грнев од тимот засега заминување најавил играчот Алпај Јусуф но сеуште не е познато во кој клуб ќе настапува. Емил Грнев нагласи дека кон првиот тим се приклучени неколку млади играчи а до крајот на зимскиот преоден рок тие се надеваат и на наколку засилувања.

Преговорите со некои играчи сеуште течат а за тоа дали ќе дојде до нивно доаѓање благовремено ќе информираме. Емил Грнев нагласи дека веќа се договорени неколку пријателски контролни натпревари по следниот редослед:

  1. Кит Го – Брегалница Штип 23 јануари
  2. Кит Го – Кожув 30 јануари
  3. Кит Го – Осогово 6 февруари
  4. Кит Го – Брегалница Делчево 13 февруари
  5. Генералка : Кит Го – Тетекс 20 февруари

Тимот на Кит Го подготовките ќе ги изведува наизменично во Штип и во Пехчево а во првото пролетно коло на 27 февруари ќе се сретне со тимот на Слога од Виница.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk