
Новогодишната честитка која пристигна за граѓаните на Општина Штип на почетокот на новата година, денеска се разгледува на дневен ред на Седницата на Комисијата за финансирање буџет и локален економски развој. Зголемената цена на водата за пиење во Општина Штип, не е резултат на зголемена куповна моќ, туку оптоварување на семејниот буџет обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
„Би сакале да ја известиме јавноста дека на дневен ред на денешната седница на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој на општо изненадување на тарифата за снабдување со вода за пиење, како и тарифата за собирање и одведување на урбани води. Станува збор за покачување на цената на водата што ја користат штипјани за периодот од 2021 до 2023 година со што е предвидено градациско покачување на цената на водата во секоја наредна година. Па така според просечната тарига метар кубен вода штипјани оваа година ќе го плаќаат приближно 38 денари, односно 37,77 денари за метар кубен додека во 2023 година цената би достигнала нешто над 40 денари“ – беше дел од изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Водата поскапува за 5,4 проценти, и ова поскапување ќе се бележи на сметката за месец Јануари 2021година. Штипјани намалено ќе ја плаќаат само ставката за отпадни води и тоа намалено за 6.67%. Како што истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, поскапувањето на цената на водата ќе бележи раст и во следните 2 години.
Лаура Стојанова М-Нет