Значително намален бројот на позитивни лица на Ковид -19 во Клиничка болница Штип

Се намалува бројот на новозаболени од Ковид 19, како во државата така и во Општина Штип. Корона пандемијата, и покрај големиот замав во изминатиот период, полека почнува да се стабилизира или барем малку се релаксира состојбата на истата. Она што преставуваше вистинска борба изминатите 10 месеци, беше борбата со справување со ширење на Ковид -19. Последователно од почетокот на Ковид пандемијата, на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, ситуацијата беше различна. Првиот пролетен бран беше со послаб интензитет за разлика од есенскиот бран кој зазема многу поголем интензитет. Празничната атмосфера, предизвикуваше страв за појава на нов многу посилен ковид бран, но навремените мерки и протоколи за заштита од истиот, како и нивното почитување, доведе до значително намалување на бројот на новозаболени лица. Бројот на легла во Клиничката болница Штип постојано растеше, па од почетните 35 кревети, денеска има над 65 кревети на кои може да бидат хоспитализирани лица кои се позитивни на корона вирусот. Меѓутоа моменталната состојба, барем малку дава надеж дека се ќе се врати во нормала. Во Клиничката болница Штип, има околу 48 болни лица од Ковид 19, од кои 22/23 се на респиратори. Намален е и бројот на лица кои дневно се хоспитализираат, односно тој број е сведен на 3 до 4 пациенти дневно. Има и околу 30 празни кревети, информира Марина Шуманска, потпарол на Клиничката болница Штип. Во тек е и завршетокот на изградбата на модуларната ковид болница. Исто така крајот на месецов и почетокот на наредниот месец се очекува и пристигнувањето на вакцината против Ковид -19, од Ковакс механизмот.

Лаура Стјанова М-Нет