Пијанистката со светска слава, а сепак наша гордост. Ема Попивода, неуморно и со голема посветеност и љубов кон својата музичка кариера. Настапувала на врвни музички сцени. И речиси насекаде низ Балканот, секогаш во потрага по нови музички стилови и секогаш подготвена за изненадувања за своите фанови. Со големи предизвици, но кога станува збор за можностите на пијаното тие се неограничени. Ема Попивода секогаш чекор напред пред друѓите. И во време на глобална пандемија, таа со нов музички проект. Песни инспирирани од македонската традиционална музика.
„На овие композиции сум посебно горда. Многу размислував за он-лајн промоција. Но, ќе оставам за подобро време во иднина. Здравјето е најважно, и пијаното нема да го има тој звук како кога свирам во живо. Композициите ги презентирав и пред Светската музичка сценаи беа одлично прифатени. Сега имаат пијано изведба и сум среќна. Изјавува, Попивода
Песни инспирирани од нашата богата традиционална музика со вкупно 13 мелодии. Секој љубител на музиката ќе може да ужива слушајќи ги. Пораката која сакам да ја упатам преку оваа пијано изведба од традиционални музички изведби е „Да ја негуваат македонската музика и да ја слушаат, а со тоа ја подржуваат. Бидејќи, музиката како дел од културата е индентитетот на еден народ. А, со тоа не прави единствени и посебни“. Вели, Попивода

За оваа 2021 година со надеж за снимање на нов проект, нов видео запис кој ќе се базира на теми од електронската музика. Со тек на современата музика со користење на класчните елементи. И со иновативни музички стилови е одраз на нејзината музичка кариера.
Надица Стојковска/ М Нет
Игор Зиврев/ М Нет