Екстремен топлотен бран ја зафаќа Македонија, во Штип до 40 степени

Екстремен топлотен бран ја зафаќа Mакедонија, во Штип во четврток се очекуваат и до 40 степени! Метеоролозите предупредуваат на внимание. Според нив, високите температури се резултат на јужно воздушно струење кое ќе влијае врз зголемување не само на дневните, туку и на ноќните температури.

,,За утре очекуваме во штипското подрачје 37, а во среда и во четврток ќе биде исклучително топло време. Во Штип најтопло време се очекува во четврток, кога во ова подрачје може дневната температура да достигне и до 40 сетиот степен. Подрачјето на нашава држава потпага под влијание на топол бран од југ, кои што ќе допринесе да имаме пораст, како на дневните, така и на минималните температури. Иако вчера максималната во Штип беше 30, меѓутоа денеска веќе бележи пораст и се очекува да достигне до 34 степени.“, рече Аврамовска

Благ пад од степен до два, се очекува да има викендов од петок кон сабота, рече Аврамовска, Додава дека во повисоките места ќе има пад и до пет степени.

,,Во петок ќе имаме зголемена облачност во попладневните и вечерните часови, ќе има услови во ова подрачје за излоирана нестабилност со пороен дожд и грмежои. Ќе дува умерен, дозасилен северен ветер, а температурите ќе бележат со благ пад од степен до два. Викендов не очекуваме врнежи, меѓутоа времето ќе биде променливо облачно и што е карактеристично ќе дува умерен дозасилен северен ветер, кои што ќе допринесе благ пад на температурите.“, додава Аврамовска

Температурниот пик се очекува во четврток, но тропските ноќи ќе останат и во деновите потоа. Лекарите преупредуваат граѓаните да останат претпазливи и хидрирани.

Иван Митев, М-Нет