Екипата на Силекс денес ќе игра реванш натпревар против Петрокуб, Молдавија

Фудбалерите на Силекс од Кратово денес на гости ќе го одиграат реванш – натпреварот против екипата на Петрокуб од Молдавија. Ова ќе биде убава можност играчите на Силекс да прикажат добра и допадлива игра и евентуално да направат изненадувачки резултат. Првиот меч во Скопје заврши со нерешен резултат, односно Силекс и Петрокуб одиграа 1:1 со головите на Додевски во 5 минута и на Платица во 45 минута.Натпреварот Петрокуб – Силекс ќе се одигра вечерва со почеток во 19.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk