
Екипата на Агросмарт е во победнички ритам, откако освои два нови турнири.
Штипскиот тим триумфираше на 25-тото издание на Меморијалниот турнир „Влатко Петров 2025“ кој се игра во штипска Чардаклија.
Во големото финале екипата на Агросмарт буквално го декласираше противникот со убедливи 9:3, резултат кој сам по себе говори за голема разлика во квалитетот.
Агросмарт на меморијалниот турнир во Чардаклија важеше за еден од главните кандидати за освојување на истиот, а токму тоа и се случи. За најдобар голман на турнирот беше прогласен Иван Стојановски од екипата на Агросмарт.
Екипата на Агросмарт го освои и турнирот во селото Дорфулија, а кој турнир се играше по повод големиот национален празник Илинден.
Со овие два нови освоени турнири екипата на Агросмарт веќе се наметнува како сериозна екипа која пополека веќе зема учество на турнири не само во овој регион туку и поширо, каде со себе го носи приматот на фаворит.
Александар Ванев, М-Нет