
Заврши жетвата на пченицата, а земјоделците во штипско-светиниколскиот регион со помал принос од очекуваното. Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијацијата на земјоделци, истакна дека иако првичните проценки за приносот биле оптимистички, реалноста покажува помал принос. Земјоделците сега очекуваат дожд кој ќе им овозможи да продолжат со подготовките на нивите за наредната сеидба. Серафимов додаде дека со пристигнувањето на дождот, ќе започнат полека со орање на земјоделските површини за следната сеидба.
,,Приносот беше добар, меѓутоа тоа што го претпоставуваме да биде 5, 6 тона, ќе испадне просеко од 3 до 3 ипол тона штипско-светиниколскиот регион. Очекуваме дожд да падне и да понеме со орање на површините да ги спремаме пополека за наредна сеидба.“, рече Серафимов
Палењето на ниви и стрништа е строго забрането, потенцираше Серафимов. Додава дека нивите треба да се ораат, а не да се палат.
Во услови на нестабилни временски прилики и намален принос, земјоделците од штипско-светиниколскиот регион продолжуваат да се адаптираат и да се подготвуваат за наредната сезона.. Тие и понатаму се надеваат на поволни временски услови кои ќе им овозможат да ги завршат подготовките навремено и да се подготват за новите предизвици што ги носи земјоделската сезона.
Иван Митев, М-Нет