Нови ефикасни методи и техники за справување со пожарите оставија словенечките пожарникари во Берово

Нови ефикасни методи и техники за справување со пожарите оставија словенечките пожарникари во Берово. Со нивна помош и годинава пожарот на планината Готен е целосно изгаснат.
Според командир на ТППЕ Берово Димитар Гошевски, словенечкиот ангажман и искуства на теренот, особено во тешко достапни предели, покажаа значителен напредок во практиките за гаснење пожар.

,,Луѓето кои што дојдоа од Словенија, како професионалци, така и доброволци, покажаа дека после 2021 година уште еднаш активно се вклучија во гаснењето на пожар. Нивните методи можеме да ги применуваме и за во иднина. Тие исто така имаат високи предели, трмни, кај што може да се делува на друг начин, така да тие ни покажаа колку се храбри, покажаа техниќи за гаснење пожар кои што ги применуваат. Завчера максимално се вклучија, така да во текот на вчерашниот ден пожарот беше изгаснат, заминаа за Словенија, но оставија позитивно мислење, дух и работа за справување за во иднина со пожарите.“, рече Гошевски

Пожарот е изгаснат, но граѓаните мора да бидат многу внимателни рече Гошевски. Тоа шумско богатство што остана во малешевските планина мора да се зачува, а со тоа свеста кај граѓаните да биде многу голема, додава тој

Инаку, како што дополнително посочи командитор Димитар Гошевски, пожарот на планината Готен од беровска страна настанал на 21 јули и истиот е настанат од пожарот во Општина Василево. На терен работеле, пожарникарите од ТППЕ, екипите на шумското стопанство, како и ЦУК. Потенцираше дека институциите работеле сплотено.

Иван Митев, М-Нет