
Две девојчиња, ученички во штипското училиште „Коле Нехтенин“, утрово се повредени откако во нив удрил автомобил додека поминувале на пешачки премин пред училиштето. Од училиштето велат дека станува збор за девојчиња кои кај нив се ученички во прва и втора година, кои биле повредени изутрина пред почетокот на првиот час, додека оделе кон училиштето. Двете се пренесени во Клиничката болница во Штип и задржани на лекување. Едното од девојчињата е со тешки телесни повреди – скршеница на карлицата. Според информации од СВР Штип, автомобилот марка „цитроен ц1“ со германски национални ознаки бил управуван од 28-годишен штипјанец.
На терен се вршеше увид од страна на полициски службеници од СВР Штип, кои и го регулираа сообраќајот и овозможуваа премин на пешаците на пешачкиот премин.
Ребека Спасова М-Нет