Една зелка чини колку кутија мастики, земојделците разочарни велат нивите ќе бидат празни

Во полн ек е сезоната на зелки, но во тек се и проблемите на земјоделеците кои произведуваат зелка. Среќни се што оваа година род има многу, ама како што велат зелката ќе ја јадат магарињата. Добра цена нема, се продаваат по 15 денари за килограм што е далеку од исплатливо. Ѓубрето е со висока цена, природата е добра, ама цената не.

“Има многу зелка и се дава за џабе, од 10 до 20 денари за килограм. И на народот пак му е скапо. Што е 15 денари, едни мастики да купеш.“ – кажа Јованов.

Коле Јованов од неговата 15 година е во нивите и произведува зелка, вели го знае целиот процес и тајна за добра зелка, но со вакви цени догодина нивите ќе останат празни, зелка нема да се сади.

„Јас сум роден 1967 година, и од 15 години сме во нивите, ама бадијала работиме кога сме без пари. Ама не е крив народот, ни јас, ниту тој што купува. Зелката нема пласман.“ – додава Јованов.

Да се занимаш со земјоделие во денешно време станува реткост, бидејќи како што велат земојделците исплатливоста е премногу мала.

„Ние како земјодеци, немаме живеачка, немаме каде да одиме, на оваа скапотија не можеме никаде да издржеме. Род има колку ти душа сака, ама нема пласман и нема каде да се продаде зелката“ – додаваат земјоделеците.

Произведувачите на зелка велат дека претодно имало голем извос од државата и на тој начин егзистирале, денеска ситуацијата повеќе од тешка.

Лаура Стојанова М-Нет