
Викендот ќе нема второлигашки фудбал, како и прволигашки, поради репрезентативната пауза, па по 12 одиграни кола, може да се направи еден пресек на табелата.
На врвот од табелата е единствениот непоразен второлигаш Гостивар со 30 освоени бодови. Гостивар игра одлична сезона и сигурно „гази“ кон конечно враќање во Првата македонска фудбалска лига.
По 12 одиграни натпревари, Гостивар има скор од девет победи и три реми натпревари, без ниту еден пораз со што е единствениот второлигаш кој нема претрпено сезонски пораз.
Вардар по ремито со Беласица (1:1) „падна“ на второто место на табелата и има бод помалку од непоразениот лидер Гостивар, односно 29 освоени бодови. По 12 одиграни натпревари Вардар има скор од 9 победи, две реми и еден пораз од Гостивар (1:0).
Фаворитот за Прва лига, екипата на Воска Спорт го искористи киксот на Вардар и се доближи до водечките Гостивар и Вардар. Охриѓани со 27 бодови се наоѓаат на третото место на табелата и прават притисок кон првите две места кои обезбедуваат директен влез во ПМФЛ.
Детонит Плачковица и дефитивно е најдобриот второлигаш на Истокот. Радовишани предводени од штипскиот тренер Горан Здравков играа сезона која може да клубот да му донесе историски успех. Со 24 бодови, Детонит Плачковица е во бараж зоната за Прва лига, односно се наоѓа на високото четврто место и прави сериозен притисок кон трите фаворити за Прва лига – Гостивар, Вардар и Воска Спорт.
Пелистер е далеку од првите две места кои обезбедуваат директен влез во ПМФЛ, битолчани со 23 бодови се наоѓаат на петтото место на табелата и имаат сериозна бодовна негатива во однос на конкурентите за ПМФЛ.
Во трка за местата кои водат во ПМФЛ останува и Охрид, кој по поразот од Гостивар на домашен терен (1:2) со 22 бодови е на шестото место на табелата.
Во „златната средина“ на табелата е Караорман, кој со 18 бодови е на седмото место на табелата, а два помалку има Беласица која е осма на табелата. Беса по резултатската криза направи тренерска смена, но засега, второлигашит од Добри Дол со 14 бодови е на деветото место, а ист број на бодови има и Кожуф кој е место подолу на табелата.
Арсими има 13 бодови, па новајлијата за време на репрезентативната пауза ќе „одмара“ на 11-тото место на табелата, Каменица Саса е место подолу со бод помалку, додека пак Локомотива со 11 бодови е на 13-тото место на табелата.
Слога од Виница е на 14-тото место со 9 бодови, а со длабока резултатска криза Тетекс е „закован“ на претпоследното место на табелата со 7 бодови, додека пак на последното место е Борец, единствен второлигаш, кој сè уште нема освоено бодови.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
