Колку штипјани го забележуваат намалувањето на цените на дел од производите?

Лебот намален за 2 до 3 денари, дел од маслото за јадење се врати на цена од нешто повеќе од 100 денари, дел од анкетираните граѓани на терен во Штип велат ги чувствуваат новите најавени цени на основните производи за живот. Ова намалување е повеќе од забележително, ама граѓаните очекуваат цените да паднат дополнително.

Друг дел од анкетираните штипјани се со став дека намалување на цените сѐ уште не почувствувале. На рафт една цена – на каса друга. Велат дека примањата се многу мали и едвај преживуваат, бидејќи средства има едвај за лекови.

Од Министесрството за економија наредната недела треба да излезат со став кој производи се намалени и за колку. Бектеши во понеделникот истакна дека цените на производите ќе се намалат бидејќи компаниите ќе добиваат струја по ограничена цена.

Лаура Стојанова М-Нет