Душко Иванов: Ќе ја потпишеме свечената изјава со уставното име, само во интерес на граѓаните!

По указот од страна на Државниот инспекторат за Локална Самоурва и во интерес на граѓаните, советниците од мнозинството во Советот во Општина Штип ќе ги потпишат свечените изјави со Уставното име на државата, односно со придавката Северена. Ова за М-Нет денеска го потврди Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов.

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во интерес на граѓаните од причини што во решението е укажано, има дадено рок за постапување од 15 дена и притоа жалбата не го одлага извршувањето, повторувам во интерес на граѓаните да не дојде до блокирање на општината и донесување на забрана за прописи, со тоа би се во даден момент блокирала Општина Штип, а индиректно би се блокирала и работата на градоначалникот, ќе постапиме согласно решението во дадениот рок во делот на свечените изјави. Меѓутоа, ќе ги искористиме сите правни лекови, веќе жалбата во текот на денешниот ден ќе биде доставена до Државниот инспекторат за Локална самоуправа.“ – кажа Иванов.

Што се однесува на дугиот дел од диспозитивнот на решението, односно за повторување на сите досега седници на Советот на Општина Штип, Иванов посочи дека нема да се постапи, односно дека ќе се искористат сите правни лекови.

„Во образложението на решението во диспозитивот не се укажува, меѓутоа во образложението е укажано, меѓутоа нема да постапиме во тој дел од решението, од причини што ќе ги искористиме сите правни лекови и ќе чекаме надлежните инститции да донесат решенија“ додаде Иванов.

Дека сите правни лекови ќе бидат искористени посочи и првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов, бидејќи обврска на советниците е да носат одлуки во интерес на граѓаните.

Указ од ржавниот инспекторат за Локална самоуправа добиле и советниците од СДСМ, но на последната координација, заклучокот бил дека секоја советничка група ќе постапува согласно своите видувања за толкување на решението, додаде Иванов.

Лаура Стојанова М-Нет