
Утринава во просториите на Големата сала на Совтот на Општина Штип започна еден од најголемите проекти во Југоисточна Европа за градење на еластични општества, предводен од страна на професор Методи Хаџи Јанев. Проектот е финансиран од НАТО, а партнери се Општините Штип и Свети Николе, УГД, воената академија, како и медиумски покриен од Тв свет и нашата Мнет. Со ова се чекори напред кон заедници во кои ќе нема дезинформации, прпаганда, како и почитување на родовта еднаквост и застапеност.
„Сметам дека на овој начин ќе пратиме порака која дополнително ќе биде ќе биде преознаена и со тоа благодарение пред се на Општина Штип која го овозможи овој настан мислам дека ќе постиогнеме значителен ефект и ќе ги разбудиме и останатите општини да го следат нашиот чекор во градење на еластично општество“ – кажа Хаџи Јанев.
Еластично општество е всушност резултат на демократските напори да се справи со безбедносните предизвици, а кои што доаѓаат од промените кои настануваат во општеството. Од овој проект позитивности многу ќе добие и локалната заедница.
„Прво ќе испрати порака, сигнал до сите оние кои сакаат да инвестираат во општината дека овде сериозно се работи на безбедноста и на сигурноста и дека капиталот за инвестиција ќе биде сигурен и обезбеден, нема да биде подложен на манипулации. Следно граѓаните она што ќе го добијат е чиста и јасна информација наместо да бидат во заблуда или пак да се справуваат со дезинформации“ – додаде Јанев.
Општина Штип денеска беше домаќин на овој проект, а првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов ја искористи приликата да каже дека во наредниот период активно ќе се работи во намалување на лажните вести и дезинформации.
Настанот служи и како пример по кој би требало да се водат и другите општини во државата со цел дезинформаиите да се сведат на минимум, а да се подигне свеста за родова еднаквост меѓу граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет