Дурмиши: Трговците се вразумија и ги намалија цените, нема да има повеќе толерирање

Трговците се вразумија и ги намалија цените и доколку истите пак се зголемат ќе има замрзнување на истите. Министерот Бесар Дурмиши во денешната изјава истакна дека нема да има алччно зголемување на цените на основните прехрабени производи за време на празниците. Додатно истакна дека во некој маркети цените се намалени до дури 25 проценти.

“Ќе ја следиме ситуацијата со цените, доколку се случи да има зголемување на цените, веднаш ќе повикаме седница на владата и да предложам одлука за замрзнување на цените. После нашата опомена трговците се вразумија и ги намалија цените, бидејќи како што кажав, нема да дозволиме алчно зголемување на цените на основните прехрамбени производи за време на празниците. Намалени се цените на дел од основните прехрамбени производи, кои беа назначени кај некој маркети со дури 25 проценти.“, вели Дурмиши

Дурмиши вели дека тековно се следат ените и така ќе се продолжи во следниот период. Тој најави строги казни за нарушувачите на мерките, па дури и затворање на маркети.

Од ДПИ и понатаму велат дека надлежните се на терен и си ја вршат својата должност, а она што додатно го истакнаа е тоа што нема да толерираат повеќе било какви неправилности согласно мерката.

Лаура Стојанова, М-Нет