
Штипјани си ги посакаа желбите од наредната 2025 година. Може би истите не се нешто кое чинат луксуз и раскош, ама сепак како што велат истите се непроцелниви. Не посакаа многу, туку само многу добро здравје, среќа, мир, топлина и светлина во нивните души. Велат дека тоа се најважните елементи, кои не се купуваат со пари.
Друг дел истакнаа дека покрај основното, посакуваат и стабилизирање на економијата, повисоки плати и повеќе работни места.
Во согласност со ситуацијата речиси на сите анкетирани желбите се исти, па она што останува понатаму е тоа наредната 2025 ги исполни очекувањата на штипјани.
Лаура Стојанова, М-Нет