Дури 50 ученика од 11 градови утре и во четврток ќе полагаат државна матура во Штип. Ова е последна шанса за оваа година за учениците кои не успеаја да положат во претходните рокови. Според раководителот на секторот за образование при Општина Штип Снежава Санева, шест ученика од штипските средни училишта утре ќе полагаат македонски јазик, а околу 15 ученика во четврток ќе полагаат англиски јазик
,,Утре 12 август е вториот испитен рок за полагање државна матура. Во нашата општина ќе полагаат вкупно шест ученика и тоа по предметот македонски јазик, односно мајчин јазик, додека вториот дел од овој испитен рок е на 14 август кога се полага странски јазик или математика и за тогаш има пријавено 15 ученика од ООУ Коле Нехтенин. Полагањето ќе се одвива во кампус два на УГД Штип, од вкупно 11 градови, а бројот на учениците кои утре ќе полагаат изнесува 50.“, рече Санева
Но, покрај ваквите ученици, многу често на ваквите рокови полагаат и ученици кои што претходните години не успеале да положат државна матура, додава Санева. Рече дека годинава има најмногу вонредни ученици.
,,При полагањето се случува и да има ученици, кои што претходните години не ја положиле државната матура и сега пријавуваат за да го комплетираат средното образование и да можат да се запишат понатаму на факултет. Годинава најмногу имаме вонредни ученици, кои ќе ја полагаат матурата во овој испитен рок, бидејќи во првиот ја положија всушност редовните ученици.“, додава Санева
Во овие испитни рокови, учениците повторно ќе полагаат во просториите на УГД Штип. Инаку, Министерството за образование и Државниот испитен центар минатата недела ги објавија резултатите од државната матура одржана во јуни. Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3,69 и е повисок од минатата година.
Иван Митев М нет