Овошките веќе расцветаа, а дневните температури почнаа да опаѓаат. Земјоделците од кочанскиот регион велат дека ваквата слика на терен е најлоша, кога во јануари и почетокот на февруари има повисоки дневни температури, а потоа ниски температури и снег. Тоа ги уништува дрвцата, овошките и лозјата децидни се земјоделците. Затоа велат дека треба да се заштитуваат истите оти во спортивно овошки нема да има, а тие би биле во загуба.

„Ќе и наштете, во секој случај ќе бидат оштетени. Ако се симне температурата до 4 степени или под 4 ќе ги оштете дрвцата. А, заштита нема сега веќе. Требало веќе со вар да ги обелат и во тој случак поспоро ќе се расцветат, а вака…“ – велат граѓаните.
И минатата година сликата беше иста, велат земјоделците. Оптимисти се дека оваа година нема да и се повтори ланската слика, и да се уништат дрвцата, бидејќи сметаат дека температурите нема да паднат под четвртиот степен.
„Како не, преку една, постојано е вака. Времето не е како што е било. Полошо и полошо е, дрвцата цветаат порано и се уништуваат“ – додаваат граѓаните.
Инаку, како што истакнаа и земјоделците Варосувањето на стеблата на овошките е стара мерка, која има многу позитивни влијанија, односно заштита на стеблото од зимските мразеви, намалување на потенцијалот на некои болести и штетници, извесно задоцнување на будењето на пупките и друго.