ТППЕ подготвени за летниот период, командирите со апел – граѓаните да претстанат да палат

Истокот стравува да не се повтори минатотото пеколно лето, ама противпожарните единици годинава се повеќе подготвени. Имено, по вчерашниот пожар во штипско, кога од запалено ѓубриво речиси до темел изгоре цел објект, командирите на противпожарните единици во Штип и Кочани со апел – граѓаните повеќе да внимаваат и да престанат со палењето.

„ТППЕ Кочани апелира до сите жители на општина Кочани, Чешиново – Облешево и Зрновци да престанат со палење оган на отворен простор, бидејќи ветерот и временските услови се многу идеални за поттикнување на пожари од големи размери“, апелира командирот на ТППЕ Кочани, Драган Апостолов.

„Со ова можеме да упатиме и еден апел до сите граѓани коишто се на отворен простор – да внимаваат многу при палење на оган и стрништа за да немаме иста слика како што беа минатогодишните пожари“, апелира командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев.

Во пресрет на сезоната со екстремно високи температури, но и искуството од минатата година, Коцев вели дека се повеќе подготвени и тоа на регионално ниво, а дополнително ќе пристигнува опрема. Тесните штипски улици не се пречка, вели Коцев, но за ТППЕ Штип се’ уште е проблем гаснењето пожар во висококатница во недостиг на возило со хидраулична скала.

„Гледајќи какви пожари имаше минатата година во источниот дел на Македонија, оваа година сме многу повеќе подготвени и знаејќи со колку голем размер одат пожарите и колку големи штети, оваа година сме подготвени со пожарникари, со опрема, со возила. Каде и да се појави пожар да бидеме навремено и за кратко време ефективни, да не дојде дојде до поголеми размери како што беше и минатата година. Па не е само до Штип и штипската противпожарна единица, туку за целиот источен регион. Допрва ќе стигнува опрема од страна на невладини организации кои се вклучија во овој дел. Со нивна помош, со донации веќе во целиот источен регион постепено се собираат униформи, се собира опрема за брзо интервенирање и гасење на секој пожар на отворено место“, додава Коцев.

Инаку, вчерашниот пожар во магацин за детски играчки во близина на населбата Три чешми се гасеше речиси шест часа. ТППЕ Штип реагираше со четири возила и 15 пожарникари, ТППЕ Кочани прати помош од едно возило и двајца пожарникари, а екипа имаше и од ТППЕ Свети Николе.

Ребека Спасова М-Нет