
Друштвото за планинарски спортови „Лисец“ од Штип организира отворена трибина на тема планинарење со проекција на планинскиот филм „Виа Динарика“. Овој филм како културен и авантуристички коридор ги поврзува Словенија, Хрватска. Босна и Херцеговина,Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија со цел подобрување на туризмот изразена преку љубовта кон природата, планините, традицијата и страста и сето тод да се сподели со светот. Филмот е препознаен од највлијателните светски медиуми вклучувајки ги lonely planet, New Jork Times, Outside Magazine и др. и од National Geographik беше прогласен за една од најдобрите 10 дестинации во светот за 2017 година.
Трибината и проекцијата на филмот ќе се одржат во вторник 22 септември 2020 г.во дворот на музичката академија во Штип со почеток во 18.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk