Пингпонгарите на Шампион ФА и на Младост 96 со нови суперлигашки победи

Викендов се одиграа пингпонгарските мечеви во рамките на второто и третото коло на Супер лигата на Македонија. Како што веќе објавивме сите пингпонгарски натпревари поради пандемијата ќе се играат во спортската сала Борис Трајковски во Скопје. Штипските пингпонгари извојуваа нови две победи, најнапред во второто коло го победија тимот на Телеком НЕЦ со резултат 4:0 а во третото коло падна и Работнички со резултат 4:1 со што имаат максимален ефект по трите одиграни кола. Три победи извојуваа и пингпонгарите на Младост 96 од Прилеп и во 5 коло нивниот меѓусебен дуел најверојатно ќе го реши и новиот шампион на Македонија.Еве ги комплетните резултати од второто коло:

Телеком НЕЦ – Шампион ФА 0:4

Работнички – Радовиш 4:0

Младост – Крива Паланка 2007 4:2

Струга – Младост 96 0:4

Вардар – Телеком НЕЦ 2 3:4

Резултати од третото коло:

Шампион ФА – Работнички 4:1

Телеком НЕЦ – Телеком 1:4

Младост 96 – Вардар 4:0

Крива Паланка 2007 – Струга 4:2

Радовиш – Младост 3:4

Колку за потсетување во тимот на Шампион ФА од Штип настапуваат следните пингпонгари: Филип Младеновски Сашко Богатинов, Александар Кралев, Дамјан Стојчев и Зоран Димитриевски.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk