Пронајдено оружје и дрога кај едно лице во Делчево

На 20.09.2020, по претходно преземени мерки и активности, а поради постоење основи на сомнение за кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на А.К.(43) во Делчево. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, 19 семки од растително потекло, 55 петарди, еден топовски удар, 67 броја малокалибарска муниција и три куршуми различен калибар.  По комплетирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.