
Денес ДПД Кочани (Доброволно противпожарно друштво) на Меѓународен противпожарен натпревар ВИП 2024 во Петроварадин, Нови Сад, Србија, настапи со две екипи и го освои првиот историски златен трофеј.

Во силна конкуренција од 21 екипи од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, едната екипа на ДПД Кочани го зазема првото место со дури 50 секунди предност пред второпласираната екипа.

Втората екипа на ДПД Кочани натпреварот го заврши на шестото место.
Александар Ванев, М-Нет