ОФИЦИЈАЛНО: Васе Беќаров е нов тренер на новиот второлигаш Вардарски

Како што најави телевизија М Нет пред неколку дена официјално Васе Беќаров е промовиран за нов шеф на стручниот штаб на Вардарски, екипа која по 27 години се врати во Втората македонска фудбалска лига.

45-годишниот стратег седнува на тренерското столче на шампионот во Трета лига – Исток, кој во баражот славеше над шампионот во Трета лига – Југозапад, екипата на Кораб од Дебар со 3:2 и со тоа стана нов второлигаш.

Беќаров последно ја водеше Беласица во период од јули 2023 до март 2024 година, а претходно беше тренер на Кожуф од Гевгелија.

Беќаров поседува највисока лиценца во светскиот фудбал според ФИФА/УЕФА стандарди ПРО лиценца, кој одлично го познава домашниот фудбал, а тој беше селектор и на У-17 репрезентацијата на Македонија, како и селектор на аматерската репрезентација на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет