Наставник по предметна настава, позитивен на корона вирусот. Денес однесе во изолација 34 второ одделенци и 2 наставнички од 0ОУ „Тошо Арсов“.

Директорката на Центар за јавно здравје Марија Димитрова ја потврди и денешната двоцифрена бројка, на заразени лица. Особено кај малолетните деца. Во последните 24 часа заразата се проширила меѓу младите. Кои посетуваат забава и во нивните семејства. Основни жаришта стануваат училиштата, каде се одржува физичка настава. И во градинките, нови случаи на заразени вработени, во штипските детски градинки. Се регистрирани во објектот на градинката „Астибо“ во населба Сењак. Од денес, поради инфекцирани со корона вирус во изолација заминаа воспитувачка и негователка заедно со 6 деца.
Во штипското Инфективно одделение почина 72 годишен пациент. Денес, се хоспитализирани 53 пациенти, од кои 20 сеуште се со потешка клиничка слика. И се на кислородна поддршка.
Во ООУ „Тошо Арсов“ досега корона вирусот се заразени тројца наставници. Директорката Маџова не најавува прекин во наставата, бидејќи истата се реализира он лајн.
Маре Стојилова / М Нет
Дарко Лазев / М Нет