
Вчера попладне е нападнат и ограбен малолетник во Штип. Настанот се случил во близина на спортската сала „Јордан Мијалков“ каде 11годишното дете се возело со велосипед, а непознати малолетни лица физички го нападнале. Притоа насилно му ја одзеле ташничката во која имало мобилен телефон. СВР Штип работи на расчистување на случајот. Настанот во полиција го пријавил таткото на малолетникот.