
Домашно кравјо млеко продава 70 годишната Блашка Јованова од пробиштипско Пишица на пазарот во Штип. Долги години таа и домакинот чуваат две крави во селото , со кои печалат за да преживеат. Mлекото го продаваат по 130 денари за литар ипол, за сите кои сакаат чисто природно и домашно произвдоство, а по нарачки произведуваат и продаваат сирење и малку урда. Пред камерите на М-Нет телевизија, таа вели некогаш оваа работа била исплатлива, денес не, бидејќи од заработеното купуваат храна за добитокот и кокошките, а дополнително треба да се мисли и за останатите давачки и трошоци.
Дополнително на нејзината скромна тезга, таа продава и саде неколку зрна домашни јајца и чај од липа, набран од нејзината градина. Фамилијата во странство, па тешко дека некој ќе ја наследи нејзе и домакинот.
Со очи полни љубов, топлина и мир, Блашка чесно остана да продава, сведок дека работата го краси човека и на седум деценски живот. Дополнително плете чорапи, ден денес уденува игла, и се труди во ова тешко време, да биде вредна домакинка, баба и сопруга.
Иван Митев, М-Нет