Јануари останува најдолгиот, најскапиот месец во годината, третиот понеделник од месецот е најдепресивен

Останува ли јануари најдолг, најскап и најдепресивен месец во годината. Граѓаните согласни дека големиот број празници во текот на месец јануари носат и многу поголеми трошоци, па токму затоа почетокот на годината се смета за најскап период. Цените на производите се високи велат анкетираните, па токму затоа едвај се поминува месецот.

Експертите велат дека третиот понеделник во јануари најмногу се чувствуваат ефектите од долгата зима, а со право се вели дека е најдепресивниот ден.

Со години, третиот понеделник во јануари ја носи неофицијалната титула најдепресивен ден во годината и е познат како Син понеделник. Експертите велат дека тогаш најмногу се чувствуваат ефектите од долгата зима, празничната еуфорија поминала, банкарските сметки често се празни поради декемвриските трошоци и сè уште има многу време до следната плата.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет