Домашно кравјо млеко – Блашка од Пишица чува две крави и добива по 20 литри млеко дневно

Блашка Јованова со својот сопруг чуваат две крави од кои произведуваат млеко за да преживуваат. Живее во село Пишица, пробиштипско, и долги години се занимава со сточарство. Сега и се доволни две крави за неа и нејзиниот сопруг, а останува за да може да продава и на штипскиот пазар. Од 15 до 20 литри кравјо млеко собира секојден, ама со макотрпна работа и многу труд. На крајот од денот млекот се продава на пазарот по цена од 60 денари за литар.

„Сами сме со мажот ми, две крави си чуваме, млекото повеќе го донесувам овде на пазарот. За во денот собираме од 15-20 литири во денот собираме. Па цената на пазарот е по 60 денари. Кој се млади не е тешко, но мојте синови бегаа не седат тука. “ – изјави Јованова.

Јованови живеат само со една пензија која е далеку од доволна за да се преживее. Затоа вели мора да работат нешто плус и со тоа да го преживеат месецот. Продава млеко, но се занимава и со земјоделство, сами произведуваат храна за кравите и на тој начин ем се е природно ем има доволно за нив, но и за продажба.

„Немам но што да правеме мора да живееме од нешто јас не зимам пензија само мажот ми зима 10 илјади. Епа преживуваме двујца луѓе нешто од пензија нешто од тука. Наша храна си имаме не купуваме за стоката. Се е природно не прскаме ние ништо. Плаќаме само косење и балирање, другото се е наше домашно, а јачмен си сееме, ориз си сееме.“ – доава Јованова

Нема наследници кои би останале дома за да се занимаваат со земјоделство и сточарство. Блашка вели дека работи за да има, но децидна е дека за младите е неисплатливо да чуваат стока.

Лаура Стојанова, М-Нет