
Денеска се започнува со интензивно работење на проектот за уредување и завршување на булеварот „Партизанска“. Самиот проект предвидува промена на водната инфраструктура на главни водоводни и канализациони линии.со што ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од оваа населба посочи градоначалникот Иван Јорданов.
„Транзитни линии со што освен сообраќакно, ќе се уреди и подземно она кое што со годините наназад создаваше проблеми. Булеварот предвидува четири сообраќајни ленти, велосипеднска лента, пешачка лента, зеленило. Целосоно осветлување на просторот кој што досега беше неуреден и небезбеден. “ изјави Јорданов
Градоначалникот посочи дека потоа следува проект кој што ги опфаќа наслебите „8 Ноември„ и населба “Баби„ Во следниот период најави и изгардба на мега парк кој што се надева дека ќе има голема посетеност.
„Веднаш по булеварот „Патризанска“ на потег од населбата „8 Ноември“ до населбата „Баби“ поврзана со велоспедско- пешачка патека покрај река „Брегалница“ ќе се изгради и еден мега парк со различни содржини со кои што верувам дека ќе биде користен од сите жители од нашиот град.„ посочи Јорданов
Сите овие проекти предвидуваат градот Штип да добие урбан изглед , каде истовремено ќе се решаваат долгогодишните проблеми на штипјани.
Лаура Стојанова, М-Нет