Дождот утринава причина плус за слаб пазарен ден во Кочани

Дождот утринава придонесе тезгите на градскиот пазар во Кочани да се постават подоцна од вообичаенто. И разбирливо ова беше една од причините поради кои пазарџиите го оценуваат пазарот како слаб, со слаба посетеност и побарувчка. Велат народ нема, бидејќи најголем дел од луѓето веќе егзистенцијата ја бараат надовор од границите на државта.

„Денеска слабо пазарот, поради дождот пред се. И луѓето се намалени ама добро е. Промени во цени има, малку се покачени другите цени и ние малку ги покачивме, ама многу малку.“

Купувачите, оние малкумина кои и покрај дождот излегоа за да пазаруваат велат дека цените се уште според нив се високи. Просечен работник може да си го купи само најосновното. Забележуваат дека промени во цените од претходниот четврток нема, ама разлика од пред неколку месеци драстично се забележува.

Зелка, праз, тиква беа производите со кои изобилуваше пазарот во Кочани, оноколку колку што доволуваат временските услови.

Лаура Стојанова М-Нет