
Ако престанат врнежите од дожд и се подобрат временски услови, производството можеби ќе се подобри – произведувачите на овошје и зеленчук од делчевскиот регион се надеваат дека во летниот период ќе се зголеми производството и квалитетот на производите. Ваквата влажна клима според нив одговара само за компирот чие производствто е на задоволително ниво. Ама затоа овошките па и гравот се оставени на милост на временските услови, оти дождот не влијае позитивно за истите. Дополнително проблем преставуваат и врнежите од град како и ветерот, кои предизвикуваат штети кај производите.
„Дождовите надевам се дека ќе престанат веќе, подобрува се времето, иначе до сега беше лошо, ладно, мокро. Добро е само за компирите оти за нив одговара оваа влажна клима“ – велат произведувачите.
Олеснувачки е фактот што после долго време Делчево кончено доби нов современ, затворен, градски пазар, со што продавачите ама и купувачите се заштитени од неповолните временски услови.
Лаура Стојанова М-Нет