
По повеќе децении за првпат ќе се асфалтира улицата „Васил Доганџиски“ во Штип. Од денеска започнаа подготвителните активности и припрема за асфалт, а во наредните денови ќе се пристапи кон асфалтирање.
„Оваа улица на која сега се наоѓаме е направена своевремено од самите жители со бетонирање, но заради оштетеност ја ставивме во програмата и дојде до период за асфалтирање. Вкупната инвестиција за оваа улица е 800 илјади денари, а сите улици се во износ од пет милиони денари“ – кажа Јорданов.
Жителите овде некогаш сами инвестирале за да ја бетонираат оваа улица и да може да ја користат. Велат дека за првпат се пристапува кон нејзино асфалтирање од страна на Локланата Власт, бидејќи улицата е во лоша состојба.
Во наредните денови ќе се пристапи и кон асфалтирање на неколку други улици на повеќе локации во Штип. Јорданов посочи дека станува збор за барања од страна на граѓаните.
„Веќе се работи на припрема за асфалтирање на други улици како што е Борко Талев, Љубен Иванов, улица во населба Железничка. Работеме и на конзолите на река Отиња. Во наредните денови ќе се започне со асфалтирање.
Градежната офанзива е во полн ек потеницираше денеска Јорданов, додавајќи дека со вакво темпо на работа Штип добива модерен и современ лик.
Лаура Стојанова М-Нет