Дождлив, но задоволителен пазарен ден во Штип

Неповолните временски услови и дождот и денеска не ги спречија штипјани да го посетат градскиот пазар. Имаше и продавачи и купувачи, а за оваа сезона и производство. На влезот во пазарот гужва, нервозни возачи кој едвај се разминуваа со автомобилите, бидејќи паркинг услугата не се наплаќаше како и вообичаено, заради дождот. Во пазарот пак за дел од купувачите цените „солени“, за продавачите задоволителни ама побарувачката слаба. Меѓутоа, ако се земат во предвид сите фактори кои имаат влијание врз пазарниот ден може да се заклучи дека истиот беше добар.

„Па за сега добро се одвива со оглед на целата ситуација, како што е дождливо времето, народот се раздвижува. Се бара сега најмногу онаа зимница, корнишони, карфиол, моркови. Цената на карфилот падна вчера 130 денари, а корнишоните од 50 – 60 денари по килограм.“

Купувачите оние кои и покрај дождот мораа да излезат и да се снабдат со производи за исхрана, но и за подготовка на зимници со поделено мислење за цените. За едни денешниот пазар изгор скап, за други пак цените се нормални.

На тезгите во градскиот пазар во Штип веќе се забележуваат и тиквите кои држеа цена по 30 денари за килограм. Продавачите велат производството е намалено па не се очекува цената на тиквата да се намали до петок.

Лаура Стојанова М-Нет