Без драстични промени – неделната ковид – ситуација во штипската и кочанската болница

Цела недела ковид – ситуацијата – скоро идентична во штипската и кочанската болница. Во Штип хоспитализирани се 44 пациенти. Од нив, 37 во модуларната ковид – болница, три на Кожното одделение и четири кои доаѓаат во дневната болница. 27 пациенти се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка, а 13 се вакцинирани. Направени се 48 амбулантски прегледи, оздравен и испишан е еден пациент, а новопримени се четири и нема починати лица. Во модуларната болница има девет слободни места, а на Кожното одделение – седум, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани, пак, хоспитализирани се вкупно десет пациенти. Од нив, шест се на кислородна поддршка и исто толку се вакцинирани. Нема испишани и новопримени пациенти, ниту починати лица. На Интерното одделение, кое работи како ковид  – оддел има 17 слободни кревети, информираат од болницата.

Според информации од МЗ, во последните 24 часа регистрирани се 393 нови случаи на Ковид – 19 од направени 2.974 тестирања. Во Источниот регион најмногу се од Штип – 21. Во Пробиштип има седум, во Кочани – шест, Виница – пет, во Берово и Македонска Каменица по четири и еден во Делчево.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти. Од нив, 13 во Штип, 11 во Кочани, четири во Виница, по три во Делчево и Пробиштип и еден во Македонска Каменица.

Починале 20 лица, сите во болнички услови.

Во општините од Истокот, активни се 606 случаи. Во Штип – 242, во Кочани – 165, во Делчево – 61, во Виница – 49, во Пробиштип – 38, во Македонска Каменица – 27, во Берово – 20 и во Пехчево – четири активни случаи на Ковид – 19. На територија на цела држава бројот на активни случаи е 10.785.

Ребека Спасова М-Нет