Фудбал: По три нерешени средби се очекува победа на Македонија

Македонската репрезентација во Вадуц вечерва ја очекува средба со селекцијата на Лихтенштајн во рамките од квалификациите за СП – Катар 2022 г. Ова ќе биде натпревар од 7 коло во коe Македонија по три нерешени средби во низа ќе мора да оди на победа со цел враќање кон врвот на табелата. Во оваа група „ Ј “ засега прва е Германија со 15 бодови, втора е Ерменија со 11, трета е Романија со 10, четврта е Македонија со 9 бодови, петта е Исланд со 4 и последна е селекцијата на Лихтенштајн со еден освоен бод. Селекторот Благоја Милевски верува во својата селекција во која вечерва ќе недостасува повредениот Барди а кој ќе биде замена сеуште не се знае. Во составот на нашата селекција фигурираат и имињата на двајца штипјани Бобан Николов и Бојан Миовски, но дали ќе добијат стaртна шанса останува да видиме вечерва во Вадуц.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk