
Вчеравечер во туристичкиот Комплекс „Аурора“ во Берово, со неколку часовна програма во одличен амбинет новинарите од Истокот ги доделија признанијата на најуспешните институции, фирми, невладини организации, здравствени работници, научници, поединци – личности, кои со своите дела и постапки придонеле во својата сфера на дејствување во изминатата 2020 година.
„Тоа беше еден голем настан на кој присуствуваа околу стотина луѓе, секако, на отворено и со придржување до сите мерки кои оваа здравствена ситуација ги предвидува. Како новинари од Регионалниот актив Исток, можеме да кажеме дека сме исклучително задоволни од фактот што успеавме да ги најдеме петнаесетте најдобри работи коишто го прават позитивниот амбиент на нашиот регион, којшто заслужува, на некој начин, нивниот труд, нивните напори, нивната визија да биде евалуризирана и преку ваква манифестација“, истакна организаторот, Иван Бојаџиски.
За седум години доделени се 105 вакви признанија, па како што истакна Бојаџиски, ова претставува гордост за сите. Вистинската слика за она што се случуваше вчеравечер не се опишува со зборови, само требаше да сте дел од настанатот за да го доживеете амбиентот.
„Требаше да се биде синоќа во „Аурора“ и да се видат реакциите на наградените, да се види реакцијата на една компанија која се вика „Брегал“ од Делчево, која е формирана пред 16 години и која во сегментот на општествената одговорност направила толку многу што многу поголеми финансиски фирми можат да учат од неа. Или да се видат емоциите на, можеби, најпознатиот македонски бизнисмен, на г-дин Благој Механџиски, кој при примањето на наградата пушти и малку солзи, укажувајќи на фактот дека вакво нешто во светот тој не видел, а го прошетал“, додаде Бојаџиски.
„Поентата е дека покрај бројните мизерни вести, има поединци, институции, спортисти, новинари кои прават исклучителни работи за нашата нација е постигната“, посочи Бојаџиски, додавајќи дека новинарите ќе продолжат со одржување на оваа манифестација и со наградување на најдобрите. Освен добитниците на награди, вчера во Берово беа и новинарите од Истокот, градоначалници и советници. Пристутните преку краток филм се запознаваа подетално со наградените, а истовремено уживаа и во прекрасниот амбиен на Берово.
Лаура Стојанова МНет