Првото коло во Втората лига – Исток и Запад ќе се одигра во среда 25 август 2021 г.

Денес во „куќата“ на фудбалот се изврши ждрепката за новата сезона во Втората Македонска фудбалска лига група Исток и Запад која ќе започне веќе во среда 25 август. Ждрепката сакаше на стартот на истокот да се сретнат повеќе традиционално незгодни противници кои ветуваат интересно, возбудливо и до крај неизвесно првенство. Тимот на Беласица во Радовиш ќе се сретне со новајлијата Детонит, додека пак во Прилеп ќе играат Победа и Кит Го. Еве ги комплетните двојки за првото коло:

  1. Детонит – Беласица
  2. Победа – Кит Го Пехчево
  3. Локомотива ( Градско) – Кожув
  4. Осогово – Каменица Саса
  5. Слога – Братство ( Житоше)

Во Западната лига ќе се сретнат:

  1. Кораби (Дебар) – Вардар
  2. Силекс – Кадино
  3. Тетекс – Велешта
  4. Гостивар – Воска Спорт
  5. Охрид – Беса ( Добри Дол)

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk