
Доделени наградите и признанијата по повод патронот на град Штип, Св. Никола. Церемонијата годинава, за разлика од претходните години, се одвиваше за време на пандемија, со почитување на мерките и протоколите за заштита од ширеше на Ковид – 19. Со признанија Св. Никола се здобија: проф. д-р.Кирил Барбареев, универзитетски професор, хуманистката Катица Жежова и Мирко Наџаков спортски работник и педагог. Орденот Св. Никола му припадна на д-р. Михаил Данев. Истите упатија благодарност, а воедно истакнаа дека овие признанија за нив се од огромно значење.
Благодарност и задоволство упати и вд. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов.
Целата свеченост се одвиваше во кабинетот на градоначалникот, со физичко присуство на добитниците на признанијата и наградите.
Лаура Стојанова М-Нет