
На чекор пред претстојните новогодишни и божиќни празници, месото е едно од производите за кои има голема побарувачка. Едно старо непишано правило е дека пред секој празник цената на местото „скока“, но затоа што произведувачите и продавачите знаат дека секој поединец можеби не во голема количина, но доволно би си дозволил и би купил ваков производ. Годинава, за разлика од претходните години, светот па и ние се наоѓаме во пандемија, но тоа не ја намалува побарувачката на месни производи. Можеби зачудувачки, но оваа година и цените на месото останаа до некаде исти, или минимум се покачени, ни кажаа во анкетата граѓаните на Општина Штип. Одговор за потрошувачката на месо, колкава е побарувачката сега за празниците во време на пандемија, и како се движат цените побаравме и од продавачите. Дознавме дека побарувачката е зголемена, цените исти.
Во споредба со минатата година, каде што овој период пред новогодишните и божиќни празници месото беше зголемено за 20 до 30%, оваа година тоа не е случај. Затоа и можноста граѓаните да излезат и да си купат месни производи е многу поголема.
Лаура Стојанова М-Нет