Футсал последно коло: Лидерот „Проект Цико“ ќе гостува на „Астибо“ во Штип

Синоќа во Скопје се одигра првиот натпревар од претпоследното 10 коло во рамките на Првата Футсал лига на Македонија. Екипата на Велес беше подобра и го победи тимот на Астибо од Штип со резултат 6:3. Со ова победа тимот на Велес достигна до бројката 12 бодови и засега е на 7 м. на табелата, додека пак тимот на Астибо се наоѓа на 9 м. со 8 освоени бодови. Вечерва на програмата е уште еден натпревар а останатите четири како што информираме ќе се одиграат комбинирано во следните 2 дена. Интересно ќе биде во следното 11 коло кое воедно ќе биде и последно есенско коло. Тимот на Астибо во Штип ќе ја има честа да го угости моменталниот лидер на табелата екипата на Проект Цико од Валандово. Играчите на Астибо токму на вакви натпревари добиваат исклучителна мотивација и можен е секаков резултат од овој натпревар.Колку за споменување сите натпревари се играат според протоколот без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk